Дабар 2015 заврши! Ви благодариме на учеството, како и на вашата поддршка при промотивната организација на овој натпревар во нашата држава.

На овој натпревар, учествуваа точно 19608 ученици од Република Македонија, со што нашата држава е меѓу оние со процентуално најголем број учесници на овој популарен меѓународен натпревар. Натпреварот го поддржаа 203 училишта, и 628 наставници.

Доколку сте земале учество во натпреварот (како наставник или ученик), информации за вашиот сертификат (и постигнатите резултати) можете да најдете тука. Повеќе информации можете да добиете кај вашиот наставник.

 

   Информација! Натпреварот е завршен, а системот е ажуриран и дозволува создавање на сертификати за сите учесници на натпреварот, преглед на сопствените резултати (за учениците), и преглед на постигнувањата на сите ученици од училиштето (за наставниците).

 

Статистика

На натпреварот учествуваа 19608 ученици од Република Македонија, од голем број основни и средни училишта во државата. Во продолжение, дадени се подетални информации за реализацијата на натпреварот во Република Македонија.

Основни училишта

Натпреварот се спроведе во 136 основни училишта во Република Македонија. На него можеа да учествуваат сите ученици од 3-то до 9-то одделение, користејќи ги компјутерите во нивните училишта.

Од десната страна е прикажан бројот на ученици по одделенија, поделени по пол (машки и женски).

* Листа на основни училишта кои учествуваа на натпреварот


 

Средни училишта

Натпреварот се спроведе во 67 средни училишта во Република Македонија. На него можеа да учествуваат сите ученици од 1-ва до 4-та година средно образование, користејќи ги компјутерите во нивните училишта.

* Листа на средни училишта кои учествуваа на натпреварот

 

 

Реализација на натпреварот


Пофалби за натпреварот, моите ученици со големо внимание и интерес ги решаваа задачите кои беа вистински предизвик за нив.

наставник од Виница

Задачите се навистина предизвикувачки и интересни, а ние се надеваме на уште помасовен настан следната година.

наставник од Скопје